Прослава за 8 Март во Шелдон

Минатава недела во „Sheldon Reception“ се одржа свечен бал по повод 8 Март – Денот на жената. Настанот беше организиран под покровителство на „Sheldon Reception“ и сопственичката Лидија Нечковска, додека водителка на програмата беше Калина Димовска.

За одличната атмосфера и забавата на присутните се погрижија Сања Ристевска и Роб Реџеповски, кои со својата музичка програма ја разиграа публиката. На балот присуствуваа повеќе од 500 жени кои во весела и свечена атмосфера заеднички го одбележаа овој празник.

По традиција, на настанот беше прогласена и „Жена на годината“. Оваа година таа чест ѝ припадна на Гордана Георгиевска, која беше наградена за својот придонес и посветеност.

Останати вести