По повик на партијата Левица во Битола беше организиран протест во одбрана на Ламбе Алабаковски. „Слобода за Ламбе“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајов“ беа дел од пораките испишани на транпарентите на граѓаните кои протесираа пред полицијата во Битола.

– Културниот центар „Иван Михајлов“ е класична провокација за битолчани. Регистриран е нелегално и неговата регистрација во Централниот регистер треба да се поништи – изјави Горан Велевски, советник во Советот на општина Битола од Левица.
По завршување на протестот пред полицијата, граѓаните се упатија кон битолскиот затвор каде што беше притворен Алабаковски, за да му изразат поддршка.

Мирниот протест продолжи со марш на учесниците по булеварот „1 Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола.
Граѓаните се упатија кон културниот центар „Ванчо Михајлов“ каде го продолжија протестот.
