Ракометарите ја понижија Грција на Медитеранските игри

Македонската ракометна репрезентација стартуваше со убедлива победа на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако ја декласираше Грција со 39-21.

Нашиот јужен сосед беше достоен противник само во првите 15 минути од средбата или до резултат 10:10. Во продолжението Македонија направи серија од 8:1 и ја покажа својата надмоќ. На полувремето резултатот беше 20:13.

Иако имавме убедливо водство тимот на селекторот Кирил Лазаров не се опушти и во вториот дел отвори со 6:1 за убедлива двоцифрена предност од 26:14. Нашето водство само се зголемуваше, бидејќи ракометарите не сакаа да се опуштат и играа максимално до крај за конечни 39:21.

Мартин Серафимов со седум голови беше најефикасен во нашиот табор, Иван Џонов постигна шест, по пет пати во листата на стрелците се запишаа Ненад Костески и Петар Атанасијевиќ. Марко Кизиќ на голот имаше 19 одбрани.

Останати вести