Еден од најпознатите австралиски актери и најголемите живи актерски икони не присуствуваше на крунисувањето на Чарлс Трети, а како што пишува “Дејли мејл“, има причина зошто популарниот актер се најде на „црната листа“ на монархот.
Имено, Расел Кроу го прекршил строгиот протокол кога последен пат се сретнал со членовите на британското кралско семејство.
Кога ги поздравувал, актерот им се обратил на принцот Хари и Вилијам како „другари“ и покрај тоа што му било кажано да им се обраќаат на „официјален јазик“.
Кога радио водителот Ден Енстеј го прашал на “Triple M Breakfast Бризбејн“ дали ќе оди во Лондон на крунисувањето, Кроу рече дека не добил покана.
– Веројатно поради последниот пат кога се запознав со кралското семејство, рече Кроу. – За време на воведот, припадник на британското кралско домаќинство доаѓа да разговара со вас и да нагласи како мора да му се обратите на принцот. Слушај, кога разговараш со принцот, треба да го правиш ова и ова. Работата е што тоа едноставно не е во мојата ДНК. Јас им се обратив на принцот Хари и Вилијам со ’mate’. Мислам дека equerry (офицерoт на британското кралско домаќинство) ќе се онесвестeше, објасни 59-годишниот актер.
– Секогаш ги почитувам другите и секогаш ми е мило што запознавам луѓе, но некому да му се обраќам со „Ваше Височество“ едноставно не е во мојата природа. Мислам дека нам не ни треба крал, но сигурен сум дека Чарлс ќе даде се од себе – додаде познатиот актер.