РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА МАСО КУПOT 2023

После пауза од ковид пандемијата, следната седмица (за продолжениот викенд за Денот на Австралија) се игра МАСО купот, од петок 27 јануари до недела (ден на финалниот натпревар) 29 јануари 2023 годинa.

Оваа година организатори и домаќини на најголемиот македонски годишен фудбалски собир се нашите клубови од Њукасел – Бродмедоу Меџик и Њукасел Санс.

На националниот МАСО Куп годинава ќе  учествуваа  екипи од 17 клубови: Рокдаел Илинден, Сиднеј Македонија, Арнклиф Скотс, Јагуна Лајонс, Волонгонг Јунајтед, Крингила Лајонс, Шел Ков Барбарианс, Алтона Маџик Вардар, Престон Македонија, Џилонг Македонија,  Сиднам Парк Македонија, Лајло Јунајтед Слога, Саншајн Лајонс, Шепартон Македонија, Квинбијан Сити и домаќините Бродмедоу Маџик и Њукасел Сан.

Ќе настапат првите тимови, подмладокот, ветераните над 35 години и женски екипи.

Влезот на сите натпревари е бесплатен и нашата заедница во Њукасел ќе може да ужива во големиот собир на македонски  фудбалски екипи во Австралија.

Во во број ја објавуваме ждрепката за петок и сабота за групната елиминациона фаза на турнирот.

Останати вести