Резервната банка на Австралија ги крена каматите

Одборот на Резервната банка на Австралија (РБА) во вторник ја постави сцената за неколку покачувања во текот на следните месеци бидејќи инфлацијата ја прегрејува економијата со  мерките што беше воведени минативе 18 месеци.

РБА ја зголеми официјалната стапка за прв пат по повеќе од 11 години, за 0.25 базични поени: од 0,10% на 0,35%, што го означува првиот раст на стапката од ноември 2010 година.

Просечниот кредит од 500.000 долари со отплата за 25 години ќе забележи зголемување на отплатата за околу 65 долари месечно.

Потребата за раст на каматната стапка се интензивираше во последниве недели од конфликтот во Европа и санкциите врз Русија, тековните нарушувања од ковид во Кина ги влошува постоечките притисоци во синџирот на снабдување, што ги зголемува потрошувачките цени во сите сектори.

Гувернерот на РБА, Филип Лоу, рече дека „сега е вистинско време да се започне со повлекување на дел од монетарната поддршка што беше поставена за да се помогне на австралиската економија за време на пандемијата. Економијата се покажа како еластична и стимулот создаде инфлација што се зголеми побрзо и на повисоко ниво отколку што се очекуваше“, објасни тој.

„Исто така, постојат индикации дека платите растат. Со оглед на тоа, многу е ниско нивото на каматни стапки, и соодветно е да се започне процесот на нормализирање на монетарните услови.

Отпорноста на австралиската економија е особено очигледна на пазарот на трудот, при што стапката на невработеност се намали во последните месеци на 4%, а учеството на работната сила се зголеми на рекордно високо ниво.

Огласите за работа се исто така на високо ниво. Централната прогноза е стапката на невработеност да се намали на околу 3,5% до почетокот на 2023 година и да остане на ова ниво потоа. Ова би било најниската стапка на невработеност во последните 50 години.“

И покрај тоа што истакна дека „перспективите за економскиот раст во Австралија остануваат позитивни“, д-р Лоу рече дека има „тековни несигурности“ за глобалната економија што се зголемува поради пандемијата од ковид, војната во Украина и „намалувањето на куповната моќ на потрошувачите поради повисоката инфлација“.

Останати вести