Фудбал Австралија официјално го објави списокот од 26 клубови што успешно влегоа во фазата за формирање на Втора лига на национално ниво. Помеѓу нив со задоволство можеме да соопштиме се наоѓаат Престон Македонија и Рокдаел Илинден. Два легендарни клуба на македонската заедница од Мелбурн и Сиднеј.

Овие клубови, откако ги исполнија специфичните критериуми наведени во почетната фаза од поканата за изразување интерес, сега се дел од следниот важен чекор од процесот на селекција за Б -лигата.
Во почетната фаза за пријавување интерес имаше вкупно 32 клуба од цела Австралија, секој изразувајќи интерес за учество во националното натпреварување.
Сега ќе се кршат копјата помеѓу желбата и реалните можности бидејќи се доставени сеопфатни документи до клубовите што влегоа во потесниот круг, вклучително и информативен меморандум, финансиски прогнози, клучни услови од Договорот за учество на клубовите и нацрт-трансакциски документи за трошоци и обврски.
Оваа фаза ќе се спроведува до јули 2023 година. По неа ќе следи фаза на проценка и препораки (јули до август 2023 година) и се очекува да биде завршена до октомври 2023 година.
Основањето на Втора национална фудбалска лига претставува критичен дел од 15-годишната стратегија на Фудбал Австралија за спортот, чија цел е усогласување на австралиските фудбалски натпреварувања. Клубовите кои ќе влезат во потесниот круг ќе играат клучна улога во обликувањето на оваа иднина.
Списокот од 26 клубови што ќе учествуваат во завршната фазата по држави се:
КАНБЕРА:
1 Канбера Кроација
2 Гунгалин Јунајтед
НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС:
3 АПИА Леикард
4 Фрејзер Парк
5 Маркони Сталионс
6 Рокдаел Илинден
7 Сиднеј Олимпик
8 Сиднеј Јунајтед 58
9 Сатерленд / Кронала Шаркс
10 Волонгонг Вулвс
КВИНСЛЕНД:
11 Бризбен Сити
12 Бризбен Јунајтед (Винум Вулвс, Бризбен Страјкерс, Вирџинија Јунајтед ФК)
13 Голд Коуст Најтс
14 Голд Коуст Јунајтед
15 Олимпик
16 Саншајн Кост
ЈУЖНА АВСТРАЛИЈА:
17 Аделаид Сити
18 Фудбал Јужна Австралија
ТАСМАНИЈА:
19 Јужен Хобарт
ВИКТОРИЈА:
20 Авондаел
21 Бранзвик Јувентус
22 Грин Гали
23 Хајделберг Јунајтед
24 Мелбурн Најтс
25 Престон Лајонс (Македонија)
26 Јужен Мелбурн
Овие клубови се известени од Фудбал Австралија за нивниот успешен напредок во понатамошната фаза.
Извршниот директор на Фудбал Австралија, Џејмс Џонсон, коментираше за овој значаен развој и возбудливата иднина што претстои,
„Среќни сме што можеме да ги објавиме 26-те клубови кои влегуваат во потесен круг за националното натпреварување односно втора лига, како одраз на страста и посветеноста што овие клубови што ја покажаа во нивниот стремеж да го подигнат нивото на австралискиот фудбал.
„Оваа значајна пресвртница не носи чекор поблиску до реализација на нашата 15-годишна визија за спортот и со нетрпение очекуваме да со овие клубови за да воспоставиме просперитетно и одржливо национално натпреварување односно Б лига.
„Заедно, ќе го обликуваме идниот пејзаж на фудбалот во Австралија, нудејќи нови можности за раст и развој, притоа повторно поврзување и усогласување на фудбалските натпреварувања на нашата нација“, заклучи Џонсон.
Втората национална лига се очекува да започне во март 2024 година и ќе вклучува меѓу 10 и 16 тима со 24 до 36 натпревари во сезоната. Сепак, останува можноста Фудбал Австралија да воведе фазен модел „базиран на групи“ односно да се користат националните Премиер лиги за составот на овој формат на натпреварување (моделот „Лига на шампиони“).