Семејно насилство како позадина: Мајка и дете скокнаа во смртод зграда во Скопје

Жена на возраст од 31 година и девојче на возраст од 6 години го загубија животот по пад од 6-от кат на станбена зграда во населбата Тафталиџе 1, во Општина Карпош во Скопје. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај жената и детето.
Според изјава на очевидец, околу 14 часот жената, непосредно пред трагедијата, стоела на балконот држејќи го детето во раце и викала. Очевидецот вели дека помислил оти се работи за семејна расправија по што заминал и не видел што точно се случило потоа.
Истрагата покажа дека влезната врата на станот од кој се фрлила Иванка заедно со ќеркичката Катја бил заклучен – одвнатре. Значи немало внатре никого.
Сепак, набрзо се дозна дека Иванка подолго време била жртва на семејно насилство од сопругот Стојанче Јовановски, вработен како пожарникар во Ѓорче Петров. Тој имал 10 пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Тој бил под мерки на претпазливост. Иако имало повеќе пријави за семејно насилство, жената ги повлекувала, што било случај и дента пред да се случи трагичниот настан.
Имено Иванка имала тешка кавга со сопругот Стојанче а министерот Панче Тошковски рече дека постои видеоснимка како ја тепа сопругот Стојанче, само два часа пред таа со детето во да скокне од балконот.

Има видеозапис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден, кажа министерот за внатрешни.
Кога дошла полицијата таа се откажала од пријава. Според службените белешки, по ќотекот жената потпишала изјава: „Немавме физички контакт со сопругот, туку недоразбирање. Не барам понатамошна полициска постапка. Не станува збор за семејно насилство, брачните односи ќе ги решаваме по мирен пат, со развод“, прочита што кажала жртвата Тошковски на прес-конференција.
Се зборува дека снимката е од пред скопскиот граѓански суд а Ивана оттаму се упатила во станот и потоа скокнала заедно со 6-годишната ќеркичка во смрт.
Зарем полицијата нема начин да реагира доколку жртвата изјави вакво нешто под присила, а тоа не го покаже? Наводно не биле констатирани видливи повреди.
Лани и оваа година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени меѓучовечки односи и физички напади помеѓу двајцата сопружници. Но секоја пријава по која полицијата постапувала, се преземале мерки во согласност со законот, кои се целосно документирани. Но, во сите наврати пријавите биле повлекувани од страна на оштетената, односно таа се откажувала од водење понатмошни постапки, тврдат од МВР.
Дека Стојанче ја тепал Иванка на јавни простори сведочат соседи но и други лица.
Според Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ивана заедно со сопругот за првпат се евидентирани во Центарот на 7 октомври 2025, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак. Во однос на семејно насилство од страна на сопругот на Ивана, допис од Министерството за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од 19.12.2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата. Имено тоа се случило во паркот во Ѓорче Петров, каде Стојанче ја тепал Ивана пред очите на ќеркичката. Се замешале минувачи кои повикале полиција. Иако пред да се појави полицијата младото семејство било веќе заминато, сведоците дале исказ и МВР сепак ги пронашло а настанот е заведен во Билтенот.
Јовановски бил многупати пријавуван и од соседите на зградата но постои уште еден документиран напад од Стојанче кој се случил На 19 декември, додека Ивана била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Тој дошол во посета, но набрзо потоа пред болничарот и пред детето ја турнал сопругата по скалите. Обезбедувањето на Клиниката повикало полиција, а со Ивана дошле да разговараат и две службенички од Центарот за социјални работи. Стојанче не само што не бил уапсен, туку и го зел детето од болницата и си заминал.
Во ОЈО Скопје, против него се водела истрага за трговија со дрога, најдена во багажникот од неговиот автомобил, и за насилства врз други лица, а бил и под мерки за пријавување. Два пати бил осудуван за насилство, од кои едната правосилна пресуда била за напад врз полицаец – добил условна казна затвор од година и половина и платил глоба од 150 евра, и толку!?!?
По наредба на Обвинителството на Стојанче сега му е определен притвор за да може непречено да се соберат докази во истрагата.
Во конкретниот случај се сомничи за наведување на самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Останати вести