Сенаторка ја нарече британската кралица „колонизатор“ за време на полагањето заклетва

Домородната австралиска сенаторка Лидија Торп ја нарече британската кралица Елизабета Втора „колонизатор“ додека положуваше заклетва во австралискиот парламент.

Претседателот на Сенатот ја запре сенаторката на Зелените и побара од неа да ја повтори заклетвата.

Таа дента положи заклетва сама, додека другите дадоа заклетва минатата недела.

Заклетвата гласи „Јас, А.Б., се колнам дека ќе бидам верен и лојален на Нејзиното Величество Kралицата Елизабета Втора, нејзините наследници и наследници на законот“.

После тоа си се потпиша на заклетвата и ќе зема годишна плата од $211,250 обезбедена од даночните обврзници на Австралија.

Абориџинската сенаторка Џасинта Нампиџинпа Прајс ја критикуваше колешката од партијата на Зелените како „незрела“ со тоа што се прошета низ сенатот со крената тупаница и ја означи кралицата како колонизатор при давање заклетва.

Сенаторката на либералите, Џасинта Прајс, рече дека ако Торп не сакала да положи заклетва, тогаш „едноставно не требало ни да се нафаќа за работа во Сенатот“.

Останати вести