Властите во четвртокот почнаа да одвојуваат итни залихи на вакцини против „КОВИД-19“ за предградијата на Сиднеј кои се најтешко погодени од ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, а Нов Јужен Велс објави уште едно рекордно зголемување на дневните случаи.
„Бројот на заболени е вознемирувачки висок“ и предградијата за кои сме посебно загрижени во западниот дел на Сиднеј се: Мерилендс, Гидфорд, Гранвил, Блектаун, Маунт Друит, Јагуна, Гринакр и Банкстаун, изјави Береџиклијан.
Премиерката Гладис Береџиклијан вели дека забрзувањето на процесот на вакцинацијата дава надеж додека градот ќе се справи со најголемото ширење на инфекцијата од почетокот на пандемијата.
„Следните неколку недели ќе бидат тешки, но нема сомнение кога ќе имаме доволно висока стапка на вакцинација, животот ќе биде многу подобар“ – вели рече таа и додава: „Знам дека ова се времиња полни со предизвици, но гледам светлина на крајот од тунелот“.
Береџиклијан информираше за 825 нов случај на локален пренос на инфекција, повеќето од нив се во Сиднеј, со што се надмина претходниот дневен максимум од 681 случаи, регистриран ден претходно. Береџиклијан јасно стави до знаење дека 70 проценти од жителите над 16 години мораат да бидат вакцинирани. Се очекува таа цел да се постигне до крајот на октомври.
Според неа, во петокот биле вакцинирани рекордни 132.000 луѓе, а бројките покажуваат дека 53 проценти од жителите на Нов Јужен Велс ја примиле првата доза, додека 29 проценти примиле две дози. Официјалните лица се повеќе имаат различен пристап кон пандемијата, и додека едни продолжуваат да се залагаат за елиминација на вирусот, други се залагаат за прифатливо ниво на изложеност. „Секој ќе мора да научи да живее со делта варијантата на вирусот, а во Нов Јужен Велс тоа го научивме пред другите“ – вели Береџиклијан.
Австралија со своите 26 милиони жители веќе долго време е успешна во борбата против коронавирусот благодарение на екстремно драстичните мерки, вклучувајќи затворање на меѓународните граници, со неколку исклучоци, од март 2020 година.
Сепак, нацијата се врати во заклучување од брзото ширење на делта вирусот и бавниот процес на вакцинација.
Досега, 27,5 проценти од Австралијците на возраст над 16 години се целосно вакцинирани и речиси половина од над 16 години добиле барем една доза.