Бројот на потенцијални идни сопственици на гигантот од Стемфорд Бриџ продолжува да расте и сега се заинтересирани десетина.
Абрамович сака да го продаде Челси за не помалку од три милијарди фунти, но финансиските експерти велат дека ќе му биде тешко да добие повеќе од две милијарди.
Такуните од САД и Швајцарија, Тод Бели и Хансјорг Вис, веќе дале понуда и се убедени дека можат да станат сопственици. Заедно со нив понуда доставил и турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак, кој е претседател на “АБ Груп Холдинг“ компанија која се занимава со градежништво, туризам, енергија и инвестирање во криптовалути.
Тед Бели веќе има влогови во голем дел познати тимови од САД. Најпознат клуб од нив е Лос Анџелес Лејкерс каде милјардерот учествува со 27% од акциите на клубот.
Бели веќе извесен период имал намера да купи некој англиски тим, а во 2019 година имал неуспешен обид да го земе под своја сопственост Тотенхем.
– Фудбалот е најголем спорт на светот и страста која навивачите ја имаат за клубовите во овој спорт е неверојатна. Тимовите од Премиер лигата се најквалитетни, таму играат најдобрите фудбалери од светот и пазарот се развива од ден во ден, изјави Бели во 2019 година.
Швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис има 86 години и изјави дека чека Абрамович да ја спушти цената бидејќи му се брза со продажбата. Ако Абрамович се најде под санкции од британската влада, продажбата на клубот веројатно нема да биде дозволена. Тој васушност сака да продаде сè што има во Англија, не сака да дојде до заплена или замрзнување на неговиот имот. Русинот во Кенсингтон има замок чија цена е околу 200 милиони евра.
Вис вели дека Абрамович моментално бара премногу пари за Челзи.
– Јас и уште тројца добивме понуда да го купиме Челси. Засега не ја знаеме точната продажна цена, изјави Вис.
Челси му должи 2 милијарди фунти на Абрамович и клубот ги нема тие пари, па кој и да ги купи “сините“, ќе треба да му го надомести долгот на Роман.