Ако на теренот подмладената Македонија не успеа да ја изненади фаворизираната Словенија (25:27), а малку недостигаше за тоа, на трибините дуелот кој долго се очекуваше изостана. Македонските фанови го исполнија својот сегмент на арената во Дебрецин и комплетно доминираа на трибините.

Иако се очекуваше дека Словенците ќе парираат и ќе ги има во поголем број, сепак „фалангата“ немаше конкуренција. Европа уште еднаш ја виде пасијата на македонската нација, која секаде ги следи ракометарите на големите приредби.
Со оглед на тоа што од Словенците се очекуваше песна и „отпор“ на трибините, од Црна Гора и Данска нема да видиме ниту бодрење, бидејќи фанови од овие две земји скоро и да нема и не се очекуваат во Дебрецин,
Македонија против Црна Гора играше во саботата во попладневниот термин, а со Данска игра вo вторник наутро по EADT.
