Скопје ќе биде домаќин на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 15 години

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе биде домаќин на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 15 години (генерација 2008). Контролните натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Покрај младата селекција на Македонија, учество ќе земат и репрезентациите на Косово, Малезија и Ерменија.

УЕФА развојниот турнир ќе се одржи во периодот од 4 до 10 септември.

– Овој турнир ќе биде одлична можност за  младите фудбалери, се надевам дека ќе успееме да го спроведеме она што го работевме на тренинг. Овие дечки се се уште во развој, се обидуваме да ги насочиме кон правата патека и вистинските вредности во спортот. Уште сме на почетокот, процесот е долг, како стручен тим работиме напорно околу подобрување на квалитетот на оваа селекција, анализираме и селектираме нови млади фудбалери. Иако резултатот на овој турнир не е во преден план, секогаш е убаво чувството да се победува и да се остварува позитивен резултат, вели селекторот Раде Каранфилоски.

Останати вести