Славата и богатствотоне го сменија Јокиќ,тој е најскромниот играчво НБА лигата

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, зборуваше за човечките квалитети на својот најдобар играч – Никола Јокиќ. На крилата на Србинот Денвер за првпат во историјата стигна до финалето на НБА, откако во финалната серија од Западната конференција ги совлада Лејкерси со 4:0 во победи.
И додека пофалбите за играта на Јокиќ стигнуваат од целиот свет, Мелоун откри што најмногу почитува кај српскиот кошаркар.
Искусниот стручњак изјави дека е горд на Никола, бидејќи не се променил.

– Мислам дека сите го гледаме тоа во сите сфери на животот – како славата и богатството влијаат на вас. Повеќето луѓе добиваат удари во глава од тоа и стануваат малку поинакви. Понекогаш забораваат од каде дошле и кој им помогнал да стигнат до каде што се. И тоа е она што навистина го сакам кај Никола – заборави на кошарката. Млад човек кој е горд татко и сопруг. Со сите успеси, наградите за МВП, максималните договори, сите тие работи… Тој сепак е истиот човек Зачуден сум од тоа, вели Мелоун.
Искусен стручњак истакнува дека Јокиќ е најскромниот кошаркар во лигата.

-Долго сум во лигата и тоа е ретко во оваа работа. За славна личност и суперѕвезда воопшто. Фактот дека Никола се уште е скромен, несебична личност. Тој се грижи за своите коњи. Дечкото е само кој е тој, тврди Мелоун.
Тренерот на Денвер се осврна на фактот дека Никола беше избран само во втората рунда на драфтот како 41. пик.

-Не можам да зборувам за Никола, но не чувствував дека тоа што беше избран на 41 место беше мотивирачки фактор за тој да стане двапати МВП и да биде момче кое во просек постигнува трипл-дабл во плејофот. Мислам што навистина го натера повеќе не се индивидуалните признанија и награди. Тој сака да биде светски шампион. И мислам дека тоа е она што го мотивира Никола Јокиќ како и сите останати во овој клуб, смета Мелоун.

Скаутингот за Јокиќ во 2014: Просечен спортист, без брзина и скок

И најдобрите стручњаци во која било област често знаат да згрешат, но ретко се случува во НБА да има такво промашување како она за Никола Јокиќ.
Не чуди тоа што Србинот беше избран како 41. пик на драфтот во 2014 година бидејќи очигледно не бил многу ценет како оние кои треба да видат талент кај некој кошаркар. За тоа најдобро зборува скаутингот за Јокиќ, веројатно направен пред драфтот таа година кога тој од немајкаде беше избран на драфтот, колку да се рече дека не му пропаднало појавувањето. Дури 29 франшизи дозволиле Јокиќ да помине покрај нив, без да го видат квалитетот што го поседува.
„Просечен спортист без особена брзина и способност за скок. Можно е да се мачи покрај НБА атлетите. И покрај тоа што е младо момче, се чини дека неговите способности се ограничени поради недостаток на екскплозивност“, пишува во извештајот.
Кој и да го правел, очигледно не ги видел позитивните можности во играта на Јокиќ. Српскиот ас беше избран во 2014, но во НБА влезе една година подоцна, а во овие осум сезони освои бројни признанија и два пати е прогласен за МВП. Најважно од се, ја смени историјата на Денвер Нагетс кој првпат во своето постоење се пласира во големото финале на НБА, а честитки за она што го прави постојано стигнуваат, дури и од најголемите кои некогаш играле кошарка.

Останати вести