Татко и двајца синови, близнаци, преживеале вистинска голгота откако нивниот брод се превртел, а фактот што во еден момент поради студот останале без заштитни елеци, ја прави ситуацијата во која се најшле уште пострашна.
Чарлс Прајс и неговите двајца деветгодишни синови ловеле риби во Дависелија, јужно од Перт. Во еден момент, силен бран удрил во нивниот чамец. Во тој момент, чамецот почна да се полни со вода и да тоне, принудувајќи го таткото и неговите синовите да се качат на врвот на чамецот, кој единствено се гледал од водата.
За време на целиот престој на отворено море, тие на себе ги имале елеци за спасување, но неколку моменти пред потонувањето на бродот, ги соблекле за да облечат јакни бидејќи било многу студено на отворено море.
„Имавме елеци за спасување, но момчињата ги соблекоа за да облечат јакна бидејќи им беше ладно, и тогаш се случи дополнителна компликација“ – вели таткото.
Фактот дека немале елеци за време на спасувањето, брзо предизвика негативни реакции, каде таткото го прогласија за неодговорен. Токму затоа, за време на разговорот со медиумите, тој објасни како се случило да останат без елеци и навел дека неговите синови за време на целиот престој на отворено море покрај себе ги имале елеците за спасување што е најважното нешто што мора да го секој брод. Тројцата минале речиси два часа во ледена вода, додека не ги спасил патролен брод. За работите да бидат уште полоши, Прајс го опекла медуза. Бидејќи се нашле во неповолна ситуација опасна по живот, тој се обидувал на сите можни начин да го спаси својот живот и животот на своите синови, а среќата му се насмевнала кога на површина од чамецот изронило радиото преку кое повикал помош.
Но за да повика помош, и покрај молбите на неговите синови, морал неколку пати да се нурне во водата до внатрешноста на чамецот каде се наоѓала станица која морал да ја активира пред да испрати повик за помош.
„Во тие момент е многу тешко јасно да се размислува што понатаму. Во основа, на момчињата им реков дека треба да се држат додека јас нуркам“ – вели тој.
Кога бил примен нивниот сигнал, потрагата почнала и траела повеќе од еден час пред хеликоптерот да ги забележи на површината на водата, 18 километри западно од Дависелија.
Полицискиот наредник Трој Пилиџ изјави дека „исходот би бил многу поинаков“ доколку Прајс не го понел со себе рачното радио. Откако полицијата ги извадила тројцата од океанот, биле однесени во здравствениот дом Пил на опоравување.
Иако минале низ трауматично и драматично искуство, Прајс вели дека овој бродолом нема да го обесхрабри повторно да оди на риболов со своите синови, додавајќи низ смеа дека само им треба нов чамец.