Среде вести пуштиja снимка од сатанистички обред

Австралиската телевизија ABC случајно емитуваше снимка од сатанистички ритуал за време на ноќното емитување на вестите, што на гледачите им овозможи неочекуван увид во верските обреди на сатанистите со седиште во Квинсленд, пишува Insider.

Исечокот беше објавен по вестите за предлагање затворски казни за оние што повредија полициски животни.

На снимката се гледаат три лица на сцената, едниот носи црна наметка со качулка, додека другиот седи зад тастатура до превртеното распетие. Во еден момент, еден од нив вика гласно: „Здраво, Сатана“, а потоа кадарот се враќа во студиото на водителката Ивон Јонг.

Водителката, како да не ја забележала грешката, лежерно се префрлила на другите вести, но бројни гледачи почнале да пишуваат на Интернет за овој бизарен настан.

Не е познато како снимката од сатанскиот ритуал стигнала до ABC, но сатанистите веднаш потоа објавија фотографија од водителката на својот Фејсбук профил и ја нарекле „нивна хероина“.

ABC се уште не се огласила по повод овој инцидент.

Останати вести