Токсично на Токсикологија: Економската директорка ем не зборува македонски ем работи незаконски,ама отказ ќе добие медицинскиот директор кој е Македонец?!?!

Недоамна назначената економска директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, не зборува македонски јазик и во работењето го крши законот. За првото сведочат сите лекари на Токсикологија  како и новинарите кои имаа средба со неа во понеделникот (поради тоа демонстративно ја напуштија прес-конференцијата). А второто  е утврдено од страна на инспекција која заклучила дека од 1 јануари наваму таа упорно држи на платен список 11 лица (5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози) на кои им е истечен договорот за работа.

Токму проблемот со инаетот на Иљази да ги задржи овие лица дојде до изблик на незадоволство меѓу лекарите и медицинскиот персонал на Токсикологија. Тие бараат да се примат лаборант и двајца биохемичари (цела клиника има само еден лаборант) а директорката тоа не го дозволува и инсистира тие 11 лица на кои им е истечен договорот и натаму да доаѓаат иако немаат задолженија. Проблемот е во тоа што за да се прими нов персонал потребно е да стават потпис медицинскиот и економскиот директор, а во случајот првиот е дел од лекарскиот тим.

Меѓу 11-те лица за кои директорката Иљази бара да се вработат имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборантот да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина.

Доктор Нико Беќаровски од Токсикологија на прес-конференција што ја одржа заедно со останатите лекари рече:

– Секој кој малку разбира знае дека токсиколошка клиника без токсиколошка лабораторија не може да функционира. Во моментов таму функционира само еден лаборант, а за минимум да работи оваа лабораторија, потребни се барем двајца дипломирани биолози и уште еден техничар со средна медицинска спрема, појасни Беќаровски.

Тој потврди дека од 12 февруари, откога Иљази е дојдена за втора директорка, не можат да комуницираат со неа бидејќи не знае македонски. Преведувачки и се двете секретарки. Според вработените, таа неретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

– Пробав да комуницираме и на англиски, ама мислам дека не разбира, заклучи Беќаровски кој резигнирано најави дека ќе си замине од ваквиот хаос и ќе оди во приватниот сектор.

Министерот за здравство Илир Демири, пак, објави дека ќе го разреши медицинскиот директор на клиниката, д-р Данил Петровски (што не може да го стори бидејќи е изборна кампања), а за Илјази кажа дека работи добро!?

Останати вести