Противникот на македонската фудбалска репрезентација во квалификациски натпревари за ЕВРО 2024, Украина, се соочува со проблеми пред самиот стартот.
Покрај ѕвездата на Арсенал, Олександер Зинченко, остана и без првиот напаѓач Роман Јаремчук. Фудбалерот на белгиски Бриж поради повреда ќе ги пропушти првите мечеви од евро-квалификациите, а неговото место ќе му припадне на 4-годишниот Назариј Русин, кој настапува за Зарја.
Неизвесен е настапот и на Витали Миколенко, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Евертон.
Македонија ќе ја пречека Украина на 16 јуни во Скопје, додека три дена подоцна е гостин на Англија на „Олд Трафорд“. На овие две средби дефинитивно во составот на нашиот најдобар национален тим нема да биде Бојан Миовски од Абердин, кој се повреди.