Украинците повеќепати досега јасно ставија до знаење дека руските шпиони уапсени од за време на агресија и окупација на нивната земја не треба да очекуваат милост. Украинците се особено лути на оние кои ги саботираат во нивната позадина. Дури и еден од главните украински преговарачи со Русија беше ликвидиран кога беше откриено дека работи за непријателот.
Затоа група јужноамерикански новинари, кои беа уапсени од украинската специјална полиција под сомнение дека се руски шпиони, се плашеа од најлошото. Аргентинскиот новинар Гиљермо сведочеше за оваа стиуација:
– На контролниот пункт полицијата ни ги одзеде документите, камерите, мобилните телефони и не однесе до станицата. Бевме жестоко испрашувани под сомнение дека сме саботери и шпиони.
Еден од полицајците го виде пасошот на мојот колега од Аргентина и кажа два збора кои ги разбравме: „Меси“ и „Марадона“. Во тој момент се се промени. Нашиот снимател го тргна чорапот и ја покажа тетоважата на Марадона. Потоа јас побарав од полицијата да ми го врати мобилниот телефон за да им покажам нешто.
Ми дозволија, ја видоа мојата слика со Меси од Копа Америка 2007. Тоа дефинитивно не спаси од понатамошно испрашување. Меси, ти благодарам за оваа фотографија и фала му на Господ што сум Аргентинец! – раскажа аргентинскиот новинар.