Колингвуд Мегпајс 12,18 (90)
Бризбен Лајонс 13,8 (86)

Минатава сабота, пред 100.024 гледачи на легендарниот стадион MCG во Мелбурн, се играше големото финале на Австралискиот фудбал (AFL) помеѓу Колингвуд и Бризбен.
Ова беше едно од највозбудливите финалиња на AFL, и на крајот Колингвуд го освои пехаро, со фамозна победа од 12,18 (90) спрема 13,8 (86).
Играта беше толку изедначена и неизвесна што водството се менуваше 11 пати во текот на средбата пред „мегпајс“ да стигнат до драматична победа во последните четири минути.
Од прикажаната игра пехарот можеше многу лесно да го добие и Бризбен, кој во последните минути напаѓаше со сите сили во потрага по победничкиот погодок.
Публиката навистина беше почестена со висококвалитетен натпревар и неизвесност до последниот момент. Суперѕвездите на “ црно-белите”, Ник Даикос и Џордан Де Гои во клучниот момент се истакнаа, но тука беше и целиот тим со пожртвувана игра.
За Колингвуд, кој е основан во 1892 година, ова е крај на сушата од 13 години без трофеј. Сега со 16 пехари Колингвуд се изедначи со Есендон и Карлтон како најтрофејни екипи во лигата.
