Финале на Националната премиер лига на северен НЈВ, Ламбтон Џафас – Бродмедоу Маџик 2:1

Минатава сабота во натпревар за ша­м­пионската ти­ту­ла во големото финале нашата Бро­дмедоу Маџик се сретна со Лам­бтон Џафас.  Во­з­бу­дливиот нат­пре­вар на две екипи што ги дели само ни­јанса во квалитетот на крајот завр­ши со победа на Ламбтон, и тоа во по­следните моменти од средбата. Си­те голови беа постигнати во вториот дел, Ламбтон дојде до водството во 52 минута со голот на Р. Папас. Набргу Бродмедоу Маџик изедначи во 56 минута преку Џ. Стјувардсон за 1:1.

Кога се очекуваше дека средбата ќе заврши нерешено во 92 минута К. Брадбери го постигна решавачкиот гол за конечните 2:1.

Со оваа победа шампионската титула Ламбтон Џафас ја освои за сезоната 2023. Резултатот ја отслика и крајната состојба на табелата во која сезонски првак беше Ламбтон со 46 бодови, а нашата Бродмедоу Маџик заврши со 45 на второто место.

Останати вести