Финални натпревари на Премиер лигите во НЈВ: ШАМПИОНСКИ ТИТУЛИ ЗА ВЕСТЕРН СИДНЕЈ ВОНДЕРЕРС, СЕНТ ЏОРЏ И МАКАРТУР РАМС

Во саботата спортскиот центар на Сиднеј Јунајтед беше место на три натпревари (од првите три лиги). На првиот натпревар беа постигнати најмногу голови, вториот беше највозбудлив (се играа 120 мин.), а третиот  беше трагичен за “лавовите” на Интер.

Контролор на натпреварите беше искусниот Мендо Чкламовски

 Од Премиер лига за тимови до 20 години Вестерн Сиднеј Вондерерс убедливо го победи тимот на Централ Кост Маринерс со резултат од 5:1, а во тимот на Вондерерс настапи Филип Димовски.

Од Прва лига во големото финале среќата им беше наклонета на фудбалерите од Сент Џорџ. Иако, Централ Кост Маринерс (со голот на Мекарти во 22’) водеше се до 80-тата минута, а Сент Џорџ со голот на Данаскос го изедначи резултатот. Во продолжението (двапати по 15 мин.) со голот на Герман во 99-тата мин. беше доволно Сент Џорџ да ја освои шампионската титула.

Во тимот на Сент Џорџ настапија браќата Матју и Џошуа Керемелевски, а Саша Кузевски играше за Маринерс.

Натпреварот од втората лига помеѓу Интер Лајонс и Макартур Рамс секако дека фудбалерите на Интер ќе го паметат бидејќи беа во водство со голот на Сибилио во 21’, се до 82-та минута кога одбраната на Интер (голманот Коста и еден одбранбен играч) се двоумееа кој да ја шутира топката, а тоа го искористи Торели и резултатот беше изедначен.

Даниел Георгиевски (во 88-та мин.) вешто го изведе слободниот удар и кога гледачите ја видоа топката во мрежата голманот Савичиќ со крајни напори ја исфрли преку стативата. Впрочем, Савичиќ беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Во продолжението од 4-ри минути после една катострофална грешка на одбраната на Интер, Вастаг во 92-та минута ја обезбеди шампионската титула за Макартур.

Останати вести