Тоа што се најавуваше, дека судиската арбитража околу офсајдите во оваа „ера на ВАР“ ќе се подобрува со роботи кои ќе „свират“ за овие позиции, доаѓа пред имплементација веќе на Светското првенство догодина во Катар, зашто ФИФА даде „зелено светло“ после првиот филтер за предлогот.
ФИФА е одлучна за „полу-автоматизирани одлуки за офсајди“, проект кој прво ќе почне да се употребува на СП во Катар од 21 ноември до 18 декември идната година, откако на минатонеделниот состанок на Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) и техничката советодавна комисија било утврдено да се даде „зелено светло“ за проектот, кој тој ги минал сите тестови иако не е користен на дело на фудбалски мечеви.
Проектот влезе на дневниот ред на ИФАБ за состанокот на 25 ноември, по што ќе биде изгласан, а потоа промените во правилникот ќе бидат изгласани во март и на сила дополнувањето на судиската арбитража ќе стапи на сила на 1 јуни идната година.
Според најавите ќе се користи системот „Око соколово“ (Хок Ај), кој најпрецизно ќе ја утврди позицијата на секој фудбалер на теренот, и во споредба со ВАР и системот на камери за четири сантиметри бил попрецизен. Според тестовите, ако овој роботизиран ситем утврди офсајд, за неколку секунди веднаш ќе го извести главниот судија.
„Хок Ај“ секогаш ќе интервенира по завршување на акцијата, со цел да се избегнат евентуални грешки, па некоја акција за гол предвреме да биде прекината. Но, според тоа што досега е тестирано, ќе се скрати периодот на утврдување на регуларноста на голот и нема да се губи време околу „спорна ситуација“, а и доживувањето кај навивачите ќе биде поголемо, зашто ќе се избегне момент од неколку минути од прослава на гол до поништување на истиот, зашто реакцијата на системот треба да биде неколку секунди до донесување на конечната одлука.
Според најавите многу извесно е дека формален „лајв-тест“ овој нов систем како дополнителна помош на ВАР ќе има на Светското клупско првенство презакажано за во февруари догодина во Обединетите Арапски Емирати.