Неколку илјади навивачи се собраа на централниот скопски плоштад „Македонија“ за да и ја честитаат на македонската фудбалска репрезентација големата победа над европскиот првак Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж.

Играчите пристигнаа со автобус, а полицијата го одржуваше редот.
МИА објави дека прославата била со скратена програма поради строгите ковид–протоколи пропишани од УЕФА, кои не дозволуваат групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, поради што насобраните ги поздравија неколкумина репрезентативци, придружувани од селекторот Благоја Милевски.
