Челси ќе потроши уште 250 милиони евра до крајот на преодниот рок, а тимот може да изгледа застрашувачки

Англиските медиуми oбјавија дека челниците на Чесли се уште немаат завршено со засилувањата.
Челси во меѓу сезоната направи неколку промени во играчкиот кадар, неколку ѕвезди решија да го напуштат “Стемфорд Бриџ“, а во лондонскиот клуб се уште се очекуваат звучни засилувања.
Иако преодниот рок е при крај, Челси верува дека може да направи чудо и да донесе неколку големи засилувања до крајот на овој месец.
Челси веќе потроши речиси 150 милиони евра бидејќи ги доведе Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали и Марко Кукурела, но јасно е дека клубот се уште не е задоволен од изгледот на играчкиот кадар.
„Мирор“ објави вистинска „бомба“ бидејќи наводно дошле до информации дека Челси планира до крајот на овој преоден рок да потроши дури 250 милиони евра за да доведе неколку засилувања.
Главни цели на лондонскиот клуб се Френки де Јонг и Пер-Емерик Обамејанг од Барселона, кои би можеле да го напуштат каталонскиот клуб доколку за нив дојде задоволителна понуда.
Барса за Де Јонг бара околу 75 милиони евра, додека за Обамејанг цената е 25 милиони евра.
Покрај дуото од Барселона, Весли Фофана веќе извесно време се поврзува и со Челси, кој на секој начин се обидува да го напушти Лестер и да ја продолжи кариерата кај сините. Но американскиот газда на Листер Тед Боели не дозволува заминување на Фофана и покрај желбата на фудбалерот
Исто така, се појавија шпекулации дека Челси ја посакува младата ѕвезда на Евертон, Арон Гордон, за кого се подготвени да платат околу 45 милиони евра.
Доколку Челси успее да ги доведе овие играчи до крајот на преодниот рок, тогаш Томас Тухел оваа сезона ќе има на располагање навистина фантастичен тим. Исто така, Англичаните веќе објавија како би можел да изгледа составот на Челзи доколку се случат споменатите трансфери.

Останати вести