Четворица македонски современи уметници изложуваат во Мелбурн

Австралиско-македонските уметници Виолета Чаповска и Марјан Стојковски, заедно со уметниците од Македонија, Дарко Алексовски и Сашо Станојковиќ, се четворицата автори на изложбата во Мелбурн наречена “Траги и сеќавања”. Изложбата започна од 13 ноември, а ќе трае  до 12 декември, 2021, во галерија “Counihan”, во населбата Бранзвик.

Кураторка на изложбата e професорката др. Сузана Милевска, исто така од Македонија. “Траги и сеќавања” опфаќа различни уметнички позиции кои се занимаваат со тешките прашања за различните видливи траги од минатото и дискутираат за вкрстувањата помеѓу личните и колективните сеќавања.

Делата ги разгледуваат сеќавањата на личните и историските настани и ги преиспитуваат начините на кои микронаративите ги инкорпорираат остатоците од општествено-политичките турбуленции и промени.

Влезот на изложбата е слободен и секој може да ја посети во Counihan Gallery на 233 Sydney Rd, во Brunswick. Отворено е од 11 до 17 часот од среда до сабота и од 13 до 17 часот во недела.

Останати вести