Четврта државна лига запад на Викторија, 7 коло, Спринг Хил – Кило Волци 0:10

Супериорни беа “волците“ и доминираа од почеток до крај во едностраниот натпревар. Ова воедно беше и средба со најмногу постигнати голови сезонава во лигата. Се редеа головите на Аксојуглу 20, Ангелески 36, 40 и 45 минута, Суфи 30, Котвас 57, Чакарун 68, 75 и 90` и Перудон 88 минута.
Во петок, на 12 мај, Кило Волци ја пречекува екипата на Муни Пондс Јунајтед со почеток во 20 часот.

Останати вести