Прв настап и победа за “волците“ кои на гостувањето во Џилонг триумфираа во возбудлив натпревар. Софиан Соуфи го постигна првиот гол во 6 минута за 0:1. Потоа домаќинот преку Никола Јовановиќ и Ник Нигуен направи пресврт на 2:1.
Во завршницата Теренс Фачино во 82 минута изендачи, а во последните мигови од средбата Ензо Марангони ја донесе победата за конечни 2:3.
Голем успех забележаа фудбалерите на Кило Волци и со победата во натпреварите за купот на ФФА, во кој го совладаа тимот на Вестгејт Сингелиќ што игра во втората државна лига на Викторија со 1:0.
Во сабота, на 26 март, Кило Волци гостуваат кај Голден Плаинс со почеток во 15 часот.