Четврта државна лига на Викторија запад, 7 коло, Кило Волци – Гизборн 1:4

За прв пат оваа година Волците ја почуствуваа горчината на поразот и тоа се случи на домашен натпревар против Гизборн кој сега е на втората позиција на табелата со 16 бода додека Кило Волци и понатаму се први со 18 бодови.
Гизборн дојде до водство во 10 минута преку Џејк Мекинтаер, истиот играч од пенал зголеми на 0:2 во 35 минута. Потоа се редеа потоа головите на Мохамед Мохамед пак од пенал во 52 м. и Метју Моцарио во 62`.
Единствениот гол за “волците“ го постигна Антони Пероудон.
Во сабота, на 7 мај, Кило Волци гостуваат кај Гринваел Јунајтед со почеток во 18:30 часот.

Останати вести