Четврта државна лига на Викторија север, 12 коло, Латроб Универзитет – Пленти Вали Лајонс 1:0

Половина од сезоната помина со оваа средба и разочарувачки пораз за Пленти Вали Лајонс. Домаќинот постигна гол во шестата минута преку Свини и до крај го одржа тоа водство. Ниту играчот предност со исклучувањето на Бовринг во 83 минута не беше доволно за да се постигне гол и леринчани се вратија без бод.
Во сабота, на 17 јуни, леринчани гостуваат кај Торнбури Атлетик со почеток во 15 часот.

Останати вести