Со промена на генерацијата и измените во екипата се случува мала стагнација и оваа година не очекуваме дека Пленти Вали ќе се бори во горниот дел од табелата. Торнбури Атлетик со головите на Гајтанис 10` и Нилсен во 77 минута победи со 2:0. Укнижувајќи ги трите бода Атлетик сега го прескокна на табелата Пленти Вали Лајонс, кој е на шесто место со 17 бода.
Во сабота, на 24 јуни, “леринчани“ гостуваат кај Даребин Јунајтед со почеток во 15 часот.