Четврта државна лига на Викторија север, 3 коло, Јуни Хил Иглс – Пленти Вали Лајонс 3:1

И лериначни се придружија на трендот кај македонските клубови минатиов викенд и забележаа пораз на гостувањето во Мил Парк. Домаќинот дојде до водство во 20 минута преку Дени Баракат за 1:0.

Во второто полувреме следеа уште4 два гола на Турхан Сумбул во 46 и 70 минута за 3:0. Почесниот гол за ублажување на поразот го постигна Метју Конверсано во 83 за конечните 3:1.

Клубот на капитенот на Јуни Хил, Сами Хабиб, дента му оддаде признание за јубилејот што е 50 натпревари капитен на тимот.

Во сабота, на 9 април, Пленти Вали Лајонс ја пречекува екипата на Мелбурн Универзитет со почеток во 15 часот.

Останати вести