Четврта државна лига на Викторија север, 7 коло, Пленти Вали Лајонс – Ватсонија Хајтс 4:2

Против директниот конкурент за третото место Пленти Вали Лајонс оствари сигурна победа. Гостите беа незгоден противник кој играше мотивирано но во првото полувреме средбата беше решена во полза на леринчани. Најдобар играч беше капитенот Матју Конвесано кој трипати ја тресеше мрежата на Ватсонија во 17, 24 и 70 минута, а четвртиот гол го постигна Кристијан Монтеган во 20 минута. За гостите стрелци беа Јеитс во 41` и Алкала Хернандез во 54 од пенал.
Во завршницата Леринчани останаа со играч помалку кога во 89 минута Филип Комисо го доби црвениот картон.
Во сабота, на 7 мај, леринчани играат во гости кај Латроб Универзитет со почеток во 15 часот.

Останати вести