Четврта државна лига на Викторија југ, 10 коло, Нобл Парк Македонија – Бакстер 2:1

Најпосле е забележана првата победа за Нобл Парк Македонија оваа сезона. Се надеваме дека ова е најава за некакво будење од опсаната зона за испаѓање. Нобл Парк има само 4 бодови од девет одиграни средби. Гостите први дојдоа до водство со голот на Давид Грининг во 23 минута. Потоа на сцена настапи Диего Херера прво изедначувајки го резултатот во 28 минута на 1:1.

Во вториот дел истиот играч во 75 минута го постави конечниот резултат за победа од 2:1.

Во петок, на 27 мај, Нобл Парк Македонија гостува кај Челси со почеток во 20:30 часот.

Останати вести