Трето коло и исто толку порази за Нобл Парк Македонија која има висока негатива од минус 11 голови и на табелата е закотвена на дното. За првиот гол на гостите беше заслужен Мајкл Родригез во 22 минута, а потоа му се придружи и Питер Кехинде со погодоци во 28 и 90 минута за пораз од 0:3.
Следнава седмица Нобл Парк Македонија нема натпревари и следниот меч го игра во петок, на 15 април. Тогаш Нобл Парк ја пречекува екипата на Сомервил Иглс со почеток во 20:30