Што кажуваат резултатите од првиот круг претседателски избори? СДСМ e троен губитник:oстанa без премиер, ќе бидебез претседател на државатаи без лидер на партијата

Според сите аналитичари во вториот круг за Пендаровски ќе нема спасувачки (дополнителен) „базен на гласови“. Разликата што ја оствари Силјановска Давкова е недостижна.

Но затоа пак во вториот круг има опасност да не се постигне цензусот бидејќи гласачите на СДСМ, ДУИ, „Вреди“, ЗНАМ и Левица воопшто можеби и нема да сакаат да гласаат за претседателските избори. Ќе излезат да гласаат за пратеници, ама можно е да не земат гласачко ливче за избор на шеф на државата или (ако веќе го земат) може да го пуштат непополнето/да го исчкртаат (што го прави неважечко).

На ДУИ и е јасно дека следниот мандатар ќе биде Христијан Мицкоски, а тоа го знаат и сите други. Дури и теоретски сите 120.000 што ги освои Бујар Османи да отидат на контото на Пендаровски – тоа е недоволно. Тој е веќе „отстрелан зајак“ и во вториот круг ќе биде оставен (како што прават ловџиите) просто „болвите да избегаат од неговото крзно“.

Во инка е „напикан“ и Димитар Ковачевски кој е свесен дека за две-три седмици ќе биде отстранет и од лидерската позиција на партијата. Прашање е дали на 8 мај СДСМ ќе ги оствари и овие 180.000 гласови бидејќи службениците по државните канцеларии гледаат дека „фронтот е во распад“. Гласачкото располежние во Скопје е најеклатантен пример. И ако дополнително опадне поддршката за СДСМ, тоа ќе значи дека пред се ЗНАМ ама и Левица ќе добијат уште некој пратеник повеќе. Што пак во краен случај ќе биде на контото на новата владејачка коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

Значи уште отсега е јасно што ќе се случи на 8 мај. Непознато е само дали ДУИ ќе освои 15 или 20 пратеници. Колку помалку толку подобро за идната власт. Најдобро е ДУИ да не предничи со многу пратеници пред коалицијата „Вреди“ зашто така ќе биде побезболно отстранувањето на канцер-партијата на Али Ахмети од државните институции.

Очекувањата се дека СДСМ и ДУИ нема да имаат повеќе од 39-40 пратеници. Така новата власт би можела да смета на двотретинско мнозинство и да тргне во оправање на државата (како што ветува идниот премиер).

Како може Силјановска на 8 мај да не стане претседател на Македонија?

Проблемот е во цензусот. Неспорно е дека Гордана Силјановска Давкова ќе го повтори па веројатно триумфално и ќе го зголеми бројот на добиени гласови. Но за да биде прогласена за избран шеф на државата вкупниот број на излезени мора да биде најмалку 726.000 избирачи (40% од 1.814.000). Ако се соберат гласовите што ги освоија сите кандидати Македонци ќе дојдеме до бројка од 675.000. За успешни претседателски избори треба да излезат најмалку уште 60-ина илјади гласачи од албанската етничка заедница.

Дилемите ги поттикна и упатството од ДИК во кое се вели дека гласачот на 8 мај може само еднаш да влезе на гласачко место каде ќе го прашаат дали сака да добие едно или две ливчиња (за парламентарните / за претседателските избори). Значи гласачот може да одбере и да не гласа за некој од двата избора.

Разликата во тоа колкумина ќе гласаат или не во вториот круг за претседател е многу битна: ако се пушти макар и неважечко ливче тоа ќе се брои во цензусот, ама ако воопшто нема ливче во таа кутија тоа значи дека негативно ќе влијае на процентот на излезност (да нема цензус).

Уставот вели дека ако изборот за претседател биде неуспешен, во рок од 90 дена се одржува нов.

Останати вести