Ѓоковиќ сепак настапува на Мастерсот во Париз, го очекува тројна задача

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ се враќа на терените на претстојниот Мастерс во Париз. Тој од 1 до 7 ноември има можност да ја освои својата шестата титула на овој турнир.

Новак лани не учествуваше, но сега повторно е тука и атакува на титулата и уште три рекорди.

Имено, со освојувањето на новата мастерс титула тој би се одвоил на прво место од играчот со најмногу титули од мастерс-турнири од Рафаел Надал, со кого сега заеднички ја држи лидерската позиција со 36 пехари.

Исто така, нов пласман во финалето би го подобрил неговиот рекорд од 53 на 54 учества во натпреварите за титула.

Надал е втор со 52, додека Федерер има 50 настапи во финалето на мастерси.

Исто така, најважно, Новак има можност да ја зацементира титулата на крајот од сезоната.

Со тоа ќе ја заврши годината по седми пат како број еден и ќе го остави зад себе идолот од детството, Американецот Пит Сампрас, кој успеа шест пати.

Останати вести