Ѓоковиќ се исповеда за Мелбурн 2022: Ме издвоија како „персона нон грата“, бев како овца опкружена од 20 волци

Новак Ѓоковиќ зад себе има еден мошне тежок период поради мачните случувања од Австралија во време на глобалната пандемија, кога од еден домашен притвор до мелбурнските судови го развезуваа како мечка во циркус, а истовремено траеше огромна медиумска сатанизација. Исто така го пропушти и Ју-Ес Опен и сите останати турнири кои се играа во Америка…
Српскиот тенисер деновиве, на Мастерсот во Рим, ја искористи кратката пауза помеѓу мечевите за да даде интервју за „Кориере дела сера“ во кое отворено говори за сите чувствителни теми, како и за настаните кои ги преживеа во изминатите две години.
– Јас не сум антиваксер и никогаш не кажав дека сум против вакцините. Јас сум за право на избор, ја бранам слободата на избор. Сметам дека сите треба да имаат право на избор, слобода за тоа што да вбризгаат во своето тело. Тоа го објаснив и во интервјуто за „Би-Би-Си“ по враќањето од Австралија, но тогаш фалеа многу мои зборови од интервјуто. Поради тоа, од тогаш никогаш не зборев на оваа тема.
Во Австралија не чуваа во место како затвор, не можев да го отворам прозорот. Јас останав помалку од една седмица, но таму сретнав многу млади луѓе кои беа затворени многу долго. Мојот случај помогна сите да бидат ослобдени и тоа е она што ме теши. Млад Сириец беше таму девет години, а сега е во Америка. Кога ќе се вратам ова лето во Америка, се надевам дека ќе го сретнам на Ју-Ес Опен, изградив врска со него.
Бев ставен во средина, издвоен како „персона нон грата“. Бев осамен и се почувствував како овца опкружена од 20 волци. Човек сам не може ништо против големите медиуми, но се тоа брзо го заборавив. Фокусиран сум само на позитивните работи, прележав Ковид и по вторпат и секогаш ги почитував правилата. Се откажав од два настапи на Ју-Ес Опен за да останам доследен на себе, потоа се вратив во Австралија и победив. Сепак, тоа не го избриша целосно разочарувањето, останав разочаран од многу медиуми и од многу колеги. Кога ви го вртат грбот, тогаш го гледате нивното вистинско лице. Многу играчи ја свртеа главата, а исто така и одредени организатори на турнирите, вели Ѓоковиќ.

Останати вести