ЈАПОНИЈА: 10 години од разорниот земјотрес од 9 степени во Фукушима

Јапонија одбележa 10 години од замјотресот и цунамито кои однесоа близу 20.000 животи.

Роднините и блиски на загинатите, оддадоа почит молејќи се за своите блиски.
Царот Нарухито и премиерот во текот на денот ќе оддадоа почит со минута молк на меморијалната церемонија.
Големи бранови предизвикани од земјотрес со јачина од 9 степени, еден од најсилните забележан во историјата, завршија на североисточниот брег на Јапонија оштетувајќи ја нуклеарната електрана Фукушима. Поради радијација евакуирани беа над 160.000 жители.
Владата потроши околу 300 милијарди долари за обнова на региониот кој беше уништен од цунамито, но пристапот во подрачјето околу Фукушима се уште е забранет.

Останати вести