Сите три екипи од 18, 20 и првиот тим паузираа минатава сабота. Натпреварот против Олимпик Кингсвеј е одложен за 5 август. Таму теренот е недостапен поради подготовките за Светското првенство за жени. Сепак оваа седмица Стирлинг Македонија може да се пофали со еден од најстарите навивачи, Танас (Том) Николов кој во октомври ќе наполни 100 години.
Тој доаѓа на секој домашен натпревар што се игра на Македонија Парк. Танас е роден во Нерет и се надева на освојување на пехар оваа сезона, објавија од неговиот омилен клуб.