11 Октомври во Перт

По повод 11 Октомври, денот на народното востание на македонскиот народ, во неделата, на 13 Октомври во Перт, во Македонскиот Културен Центар Илинден, беше организирана културна програма.

Најпрвин претседателот Васко Шобески ги поздрави присутните гости и говореше за значењето на 11 Октомври, потоа свештеникот Веско Каранфилоски одржа панахида за сите оние што ги положија своите животи пред олтарот за слободата на Македонија. Откако беа интонирани македонската и австралиската химна, реферат за значењето на 11 Октомви поднесе секретарот Трајче Трајковски, кој меѓу другото потенцира дека одбележувајќи го денот на македонското револуционерно востание од 11 Октомври 1941 година ние се потсетуваме на еден од многуте драматични периоди низ кои врвел македонскиот народ во борбата за своја суверена и независна држава.

Најмладиот учесник на оваа културна програма беше Томи Трајковски, кој настапи со својот рецитал на борбени македонски песни.

Венци и свежо цвеќе положија претставници на Македонската Општина за Западна Австралија, претставници на МПЦО Св. Никола, како и претставници на МКЦ Илинден, Комитетот на ВМРО ДПМНЕ, претставници на женската секција при МКЦ Илинден, Ромската Општина, како и преживеани борци од Втората светска војна.

Останати вести