Сообраќајката кај Ласкарци ја однесе и 16-та жртва

Младата Езра Османи (19) од Гостивар стана 16-та жртва од сообраќајната несреќа на автобусот на “Дурмо-турс” кај скопско Ласкарци минатиот месец.

Нејзиното срце престанало да чука и покрај сите напори на докторите цел еден месец таа да преживее. Два дена по трагедијата на девојката и беше ампутирана ногата. Таа имала и тешки повреди на коските, на мускулите, на карлицата и на стомакот.
– Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата – рекоа од Министерството за здравство.
Обвинителството ја заврши истрагата во која констатираше дека за излетувањето и тумбањето на автобусот виновни се возачот и уште петмина други лица во “Дурмо-турс”. Тие задно манипулирале со тахографот (за да покажува дека автобусот возел со помала брзина) и дозволиле возилото цела година да биде со неисправни сопирачки.
Возачот на втобусот, сопственикот на “Дурмо-турс” и директорот се во притвор. Истрагата покажала дека возачот возел со 99 км/ч (при дозволени 80 км/ч за автобуси) но кобни биле неисправните сопирачки. Нема информација што причинило возачот да ја загуби контролата врз автобусот, бидејќи не претекнувал а патот на таа делница е прав.
Семејствата на починатите и на околу 33 повредени ќе добијат одредена сума како отштета.

Останати вести