20 годишен јубилеј на ”Св. Петка” во Мил Парк

Минатиов четврток, МПЦ “Св. Петка” од Мил Парк прослави 20 годишен јубилеј. На прославата што ја организираше управата на оваа парохија беа поканети и градителите на стариот храм кој бил Пресбетеријанска црква “Janefield”.

Храмот кој е изграден од традиционален црн камен датира 156 години. Македонските парохијани ја одгледуваат добрата соработка со наследниците на оригиналните пионери и градители на црквата и на минатите јубилеи тие им беа гости. Покрај нив беше забележана и нашата Мери Лалиос, општинска советничка и три пати градоначалничка на општина Витлси.
Парохијата “Св. Петка” има постигнато значајни успеси во краток временски период и покрај целосното реновирање на црквата, фреските и убавиот олтар, изградена е и повеќенаменска административна зграда со трпезарија и свеќилница во подрумот.
Црквата е изградена во далечната 1861 и е заштитена со закон како историско наследство

Свештениците Тоне Гулев, Љупчо Каревски, Никодим Солунчев и Јовица Симоновски ја благословија вечерата
Софи и Анџело Патерас, о. Тоне Гулев, општинската советничка Мери Лалиос заедно со роднините на оригиналните градители на црквата “Св. Петка”

Останати вести