Српската влада изрази во петокот вечерта запрепастување од одлуката на Хрватска да не го поддржи европскиот пат на Србија откако Загреб не даде согласност за отворање на 23-то поглавје во пристапните преговори со Европската унија, а премиерот Александар Вучиќ порача дека Белград нема да ги исполни условите коишто ги бара Хрватска.
Во соопштението се истакнува и пораката на српскиот премиер Александар Вучиќ дека „Србија е земја на слободарски народ и дека никогаш нема никому да биде вреќа за удирање”.
Претходно во петокот Вучиќ во Нови Сад, на предизборен собир на неговата Српска народна партија (СНС), чиј челник е, изјави дека Србија никого нема да моли, ниту ќе ги менува своите закони само затоа што тоа го бара Хрватска.
Хрватските претставници во петокот во Брисел на состанокот на работната група за проширувањето на ЕУ не даде согласност за отворање на поглавјето 23 во преговорите со Србија и ЕУ, а продолжувањето на разговорите е најавено за следната седмица. Хрватска инсистира во преговарачкото поглавје за правосудството како мерила биде вградено дека Србија ќе ги укине надлежностите за воени злосторства на подрачјето на цела поранешна Југославија, да спроведува заштита на хрватското малцинство, и да оствари целосна соработка со Хашкиот трибунал. Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Миро Ковач, изјави во петокот во Загреб дека Хрватска очекува дека Европската комисија ќе се изјасни како мисли да ги вгради споменатите критериуми во преговарачките мерила.
„На ничии ултиматуми нема да се согласиме”, реагираше српскиот премиер Вучиќ на веста дека Хрватска го блокирала отворањето на поглавјето 23 од преговорите со ЕУ. Нагласи дека Србија нема да менува „закон кој е добар, само затоа што Хрватска тоа го сака”.
Нагласувајќи дека Србија сето време ги штитела сопствените интереси, како тоа дека тоа ќе го чини и во иднина, Вучиќ рече дека од Србија денес се очекува некого да моли.
„Србија е земја која се наоѓа на патот на ЕУ, но ги штитеше својата слобода и независност. И денес, кога во Брисел Хрватска нема да се изјасни и да даде поддршка за Србија на нејзиниот европски пат, некои очекуваат дека некого ќе молиме… Но, нема да упатиме ниту еден телефонски повик”, порача Вучиќ. Оценувајќи дека „многумина посакуваа” Србија да нема силна влада, за да можат да ѝ наметнуваат услови за разговорите со Приштина или да ја понижуваат во односите во регионот, Вучиќ изјави дека на Србија може да ѝ наметнуваат ставови, но таа не може и нема да ги прифати. Белградските електронски медиуми известуваат од Брисел дека работната група за проширување на Европската унија го завршила состанокот без согласноста на Хрватска Србија да го отвори преговарачкото поглавје 23 со ЕУ.
Постигната е согласност во јуни да биде отворено поглавјето 24, а на состанокот на работната група на ЕУ за проширување, Хрватска не го изнесе ставот за отворањето на поглавјето 23, така што точката беше симната од дневен ред и за тоа повторно ќе се разговара.
„Хрватската претставничка немаше инструкции од Загреб, така што се мина преку оваа точка и таа е оставена за следната седмица”, изјави за српските медиуми шефицата на преговарачкиот тим на Србија со ЕУ, Тања Мишчевиќ.