Македонската радио програма на бранова должина 94.7 The Pulse –Geelong, ќе слави значаен јубилеј: 30 години од првата емисија на Македонски јазик.
Започнат во далечната 1989 година, на 4 мај се емитуваше првата програма. Неа тогаш ја водеше и воедно беше уредник Вел Пачовски. После извесно време Вел се пресели во Мелбурн, а неговата работна обврска ја презедоа неговите родители Цветко и Вента Пачовски. Овој јубилеј е убава прилика да се вратиме на минатото и да се потсетиме на многуте направени интервјуа со познати личности, пеачи и политичари од австралиското општество.
Воедно да се спомнат сите активисти кои за овој долг временски период ја помагале радио програмата на македонски јазик во Џилонг.
Македонската заедница од Џилонг сите овие години има прилика да порачува желби со песни за крштевки, венчавки, родендени и служи како известувач на нашата заедница за сите активности што ги прави општината. По тој повод јубилејот за 30 години работа ќе се прославува во Македонскиот центар во Џилонг, во сабота, на 4 мај со почеток во 11.30 претпладне. Влезот е бесплатен а оние кои се заинтересирани да се јават кај Вента Пачовски на моб: 0405613915.