30 годишнина на Македонија Парк

Стирлинг Лајонс во сабота, на 9 јули, со почеток во 18:30 часот ќе прославува 30 годишен јубилеј на стадионот Македонија Парк. Присутните ќе можат да уживаат во богат коктел со храна и пијалоци, музика и настап на културно уметничко друштво.

За планирање на катерингот картите треба да се купат пред 4 јули. Важна напомена е дека карти нема да се продаваат вечерта.
Прославата ќе се одржи на домашниот стадион на Лавовите, познатиот Македонија Парк во Балката.

Останати вести