Во сабота, 20 октомври со почеток во 19 часот во Civic Theatre во Hurstville (предградие на Сиднеј) официјално ќе се отвори 4-тиот Македонски филмски фестивал
Како што објавија организаторите на Фестивалот, уметничките директори браќата Беби и Омер Зикировски, на Фестивалот ќе се прикажат неколку краткометражни и долгометражни филмови од Македонија (познатите проекции „Година на Мајмунот” и „Три дена во Септември”) како и од локалните кинематографи од македонско потекло, Ник Најдов, Никола Поповски и Владо Јаневски.
На отворањето на Фестивалот исто така ќе се отвори и фотографска изложба на Биљана Јуруковски под името „Tribal Muses”.
Исто така ќе има проекции и следниот ден, 21 октомври со почеток во 17 часот. За повеќе информации и резервации јавете се на 0438 610 133.
Душан Ристевски
