40 години на ММД “Никола Карев” од Мелбурн

Во прекрасниот амбиент на Ferraro Reception, на 16 декемви, Македонското младинско културно уметничко друштво “Никола Карев”, го одржа презентациониот бал на кој посебно место зазедоа доделувањето на пехарите на играорците од сите три групи.

Вечерта ја отвори и ги поздрави сите присутни, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишен јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро. ММД “Никола Карев” оваа година додели специјални признанија на долгогодишните играорци:
Андријана Стојановска – 20 години
Александра Петровска – 20 години
Сашо Петровски – 18 години
Николче Петровски – 14 години
Стефан Јовановски – 17 години
Александар Јовановски – 18 години
Тони Јовановски – 22 години
Наградата за доживотен член (life membership) ја доби Гордана Аневска за нејзиниот огромен допринос и долгогодишна работа во друштвото. Ова е петнаесетта личност а прва жена која го доби ова високо заслужено признание во ММД “Никола Карев”.
Вториот дел од оваа вечер продолжи со распеаниот Дамјан Стојаноски во придружба на Соната бенд & Влатко Мелбурн гајда. Дамјан за првпат гостува во Австралија и со своите гласовни квалитети докажа дека е вистински професионалец и ја одушеви публиката со изборот на свои песни но и песни од легендата на македонската народна песна, неговиот татко Војо Стојановски.
И овој бал беше како круна на сите организирани концерти во 2017, настапи и презентации како дел од одбележувањето на 40 годишен јубилеј на ММД “Никола Карев”. Честитки до сите играрци, кореографи, родители, управниот одбор, со надеж за уште поуспешни години што следуваат во негувањето на македонското оро и песна.

Г. Димовска

Останати вести