Функциите ќе ги преземат 41 градоначалник, Шилегов и Богдановиќ ќе почекаат да завршат жалбите

Во општините се врши примопредавање на власта, а народот се врати на секојдневните обврски

Во текот на оваа седмица новоизбраните градоначалници во општините треба да ја преземат функцијата. Тоа досега го направи само новиот градоначалник на Пехчево од редовите на СДСМ, Драган Тренчовски, а треба да го направат уште 40 кандидати избрани во првиот круг од локалните избори 2017.

За примопредавање на локалната власт ќе почекаат да заврши процедурата со приговорите четворица од кандидатите кои беа избрани во првиот круг. Тоа се новите градоначалници за Град Скопје – Петре Шилегов, Општина Центар – Саша Богдановиќ, Прилеп – Илија Јовановски и за Радовиш – Герасим Конзулов. Сите беа кандидати од редовите на СДСМ.

Оние кои до крајот на неделава треба ја преземат функцијата се:
Златко Марин – Аеродром
Меликије Халими – Арачиново
Звонко Пекевски – Берово
Наташа Петровска – Битола
Блаже Шопов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилево
Перо Костатадинов – Валандово
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанкоски – Вевчани
Аце Коцевски – Велес
Сашо Поцков – Гевгелија
Зоран Ногачески – Дебарца
Горан Трајковски – Делчево
Марјанче Стојановски – Демир Хисар
Анго Ангов – Дојран
Александар Наумовски -Ѓорче Петров
Борче Гиевски – Зелениково
Жика Стојановски – Илинден
Стефан Богоев – Карпош
Фатмир Дехари – Кичево
Благој Илиев – Конче
Николчо Илијев – Кочани
Љупчо Бојаџиев – Кратово
Борјанчо Мицевски – Крива Паланка
Томе Христоски – Крушево
Максим Димитриевски – Куманово
Ацо Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Тони Делков – Неготино
Боро Стојчев – Ново Село
Јован Стојаноски – Охрид
Борче Митевски – Петровец
Исмаил Јахоски – Пласница
Ивица Тошевски – Ранковце
Живко Гошаревски – Ресен
Сашо Велковски – Свети Николе
Стефче Трпковски – Сопиште
Коста Јаневски – Струмица
Аријан Ибраими – Центар Жупа
Јован Пејковски – Чучер Сандево.
Четворица од оваа листа беа градоначалници од порано и добија нов мандат, станува збор за трите општини во кои победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ (Илинден, Петровец, Сопиште) и независниот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во Чучер-Сандево.

Останати вести