Петка за Сашо Бечвиновски и Сиднам Парк Македонија

Сиднам Парк Македонија – Витлси Ренџес 4-3 (1-2)

Сумирањето на резултатите од оваа сезона е извонредно, во првата натпреварувачка година откако е промовиран клубот заврши  петти во Втората лига на Викторија

 

Во последното коло на Втората лига на Викторија момчињата на Сашо Бечвиновски се измачија да ја завршат сезоната со победа. Гостите на трипати водеа но сепак на крајот се радуваа  навивачите на Сиднам Парк Македонија. Во последните дваесетина минути од натпреварот постигнаа три гола и се закитија со три нови бода. Гостите  дојдоа гладни по трите бода што им беа важни за да не бидат во долниот дел на лигата. Витлси Ренџес како предупредување  ја затресе мрежата на Сиднам уште во првите 15 минути. Тоа беше ладен туш за навивачите на Сиднам Парк Македонија. Во 35 минута  веќе беше 2-0 за Витлси, а во 40 минута преку  Стојковски, Македонија намали на 1-2 и со тој резултат се отиде на одмор.

Само што започна второто полувреме гостите го постигнаа и третиот гол за 1-3,  во тој момент изгледаше дека се  закопани сите надежи на екипата на Сашо Бечвиновски. Но така очигледно не мислеа така и фудбалерите, а од  60 минута како да се разиграа и почнаа да се редат головите како на филмска лента. Два постигна Перил Бенет во 60 и 70 минута а четвртиот е автогол. Со оваа победа Сиднам Парк Македонија ја заврши сезоната на петтата позиција, што е голем успех за тренерот Сашо Бечвиновски како и за фудбалерите кои можеа многу лесно да завршат и на второто место од каде беа симнати пред само неколку натпревари. Според кажувањата на тренерот Сашо Бечвиновски во последните две години откако бил тренер на Сиднам Парк Македонија направен е голем напредок и се очекува следната сезона да се постигне уште подабар успех и влегување во Првата лига на Викторија.

Останати вести